Како што објави интернет порталот „СајберЊуз“, информацијата се појавила на популарен форум меѓу хакерите во мрежата.
Станува збор за хакирани имиња на профилите на корисниците, врски до нивните фотографии, како и информации за нивните профили на други социјални мрежи.
Објавени се податоци за тоа кој ги поканил корисниците на „Клубхаус“ кога се регистрирале.
Експертите предупредуваат дека тие информации би можеле да им помогнат на хакерите да ги злоупотребат банкарските сметки на засегнатите корисници.