Хакерите тврдат дека се инфилтрирале во повеќе од 165 сервери и 254 веб-страници, акумулирајќи повеќе од 11 терабајти податоци, вклучувајќи ги и оние на Израелската пошта, израелското Министерство за одбрана, информации поврзани со министерот за одбрана Бени Ганц, компанијата „Електрон Цилаг“ и корпорацијата „Епсилор“.

– Ве набљудуваме многу години, во секое време и на секој чекор. Сите ваши одлуки и изјави се под наш надзор. На крајот ќе ве удриме кога воопшто не ги очекувате, се наведува во соопштението на хакерската група Стапот на Мојсеј.

Хакерската група објави документи во Ексел, кои содржат лични податоци, како имиња, идентификациски броеви, електронска пошта, адресаи, телефонски броеви, дури и социјално-економската состојба на припадниците на израелската армија.

Објавени се и фотографии од Ганц со војници, како и писмо од Ганц од 2010 година до заменик-началникот на Генералштабот и до началникот на разузнавањето на јорданските вооружени сили.