Мојот официјален и верификуван твитер-профил, како министер за надворешни работи, @Bujar_O (Бујар Османи), денес беше предмет на хакерски напад и преземен од страна на непознати лица”, објави синоќа министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Тој соопштува дека профил е надвор од негова контрола, и соодветно, последните активности не претставуваа дел ниту од неговите интенции, активности, ставови, убедувања, ниту претставуваат официјални ставови на институцијата.
Случајот е пријавен во министерството за внатрешни работи, како и на соодветните адресати на социјалната мрежа “Твитер”.