Денешното рочиште за предметот „Онкологија 2“ помина во знакот на жестоки расправии меѓу одбраната и обвинителството. Адвокатката Анита Бегова упати сериозни обвинувања дека обвинителството презентира незаверени копии од документи кои немаат никаква доказна вредност според Законот за кривична постапка.
„Сите докази се доставени во копија, а дел од нив немаат ниту печат ниту потпис. Законот е дециден – материјалните докази мора да бидат во оригинал или заверена копија. Ова е суштествена повреда на постапката“, децидна беше Бегова.
Додека траеше „војната“ со документите, екс-директорите на Клиниката за онкологија, Никола Васев и Нехад Нухи, побараа да излезат од затворски и да заминат во домашен притвор. Второобвинетиот Нухи пред судијката се правдаше дека нема намера да бега и дека му е потребно да биде со семејството за да ја подготви одбраната.
Обвинителството, пак, остана на ставот дека документацијата е уредна, а за притворот ќе се произнесе дополнително доколку предлогот биде доставен во писмена форма.
