Легендарниот холивудски актер Џин Хекман почина на 95-годишна возраст во својот дом во Санта Фе, Ново Мексико. Според официјалните информации, тој починал од коронарна артериска болест, а напреднатата Алцхајмерова болест била дополнителен фактор.
Неговата сопруга, Бетси Аракава, починала седум дена претходно, на 64-годишна возраст, како последица на редок вирус – хантавирус пулмонален синдром (ХПС), којшто најчесто се пренесува преку изложеност на заразени глодари. И двајцата починале од природни причини, а властите потврдија дека нема индиции за насилство или криминални дејства.
Хекман, кој во текот на својата кариера оствари околу 100 улоги, беше добитник на два „Оскари“ – за најдобра главна улога во „Француската врска“ (The French Connection) и за најдобра споредна улога во „Непростено“ (Unforgiven). Покрај тоа, освоил 34 други награди за глума и бил номиниран за повеќе од 40 престижни одличија.
Џин Хекман и Бетси Аракава беа во брак повеќе од 30 години.
Извор: Република