Денеска хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше на пожарот кој избувна вчера во реонот на селата Папрадиште и Ореше. Во 11 циклуси беа исфрлени над 20 тони вода, со што беа локализирани дел од жариштата.
Врз истиот пожар дејствуваше и хеликоптерот Х225 од Српското министерство за внатрешни работи, со што е спречено пожарот да се развие кон с. Папрадиште.