Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување на камен-темелник на нова подземна катна гаража и плоштад во Општина Велес.

Како што соопшти владината прес-служба премиерот по овој настан предвидено е да даде изјава за медиуми.

Потоа, премиерот во рамките на настанот со Министерството за внатрешни работи, придружуван од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, ќе присуствуваат на пуштањето во употреба на системот „Безбеден град“, како и на новите простории на СВР Велес.