Притвор за скопјанец осомничен за трговија со дрога
МВР со акции против тровија со дрога. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје започна истражна постапка против 46-годишен скопјанец, кој е осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, соопштија од Јавното обвинителство.
Според обвинителството, тој месецов неовластено набавил хероин и марихуана заради продажба од засега непознато лице. Дрогата ја чувал, мерел, дробел и препакувал во својот дом на улицата Васил Ѓоргов во Скопје.
Пронајдени наркотични средства при претрес
„На 7 февруари, при претрес во неговиот дом, полицијата пронајде две пакувања марихуана со вкупна нето маса од 35,46 грама и петнаесет пакувања хероин со вкупна нето маса од 13,49 грама. Дополнително, во станот беше откриен апарат за мелење шеќер со остатоци од кокаин и хероин, дигитална вага за мерење наркотични дроги, како и други предмети со траги од дрога кои ги користел за мешање“, информираа од ОЈО.
Предлог за притвор
Јавниот обвинител достави предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор. Според обвинителството, постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за повторување на делото, како и ризик да влијае врз сведоци или можни соучесници.
Во последниот период целата власта прави големи напори да ја спречи целата трговија со дрога.