На 12.09.2026 околу 02 : 10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат н.Илинден – с.Миладиновци кај базата Брест се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.Т.(19) од с.Агино Село, кумановско и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.А.(51) од с.Марино,скопско.
Во несреќата на местото на настанот починале возачот А.А. и неговиот 17-годишен сопатник од с.Марино, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.
Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Ф.Т., неговиот сопатник Д.Б .(19) од с.Агино Село и 17-годишна сопатничка од возилото „хјундаи“ констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Судска медицина за обдукција.
