Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот Фејсбук профил:

– Стојанче Ангелов е без едно белодробно крило кое го има изгубено бранејќи ја Македонија во 2001 година, како припадник на специјалната единица Тигри.

– И покрај тоа, 24 часа е на терен и го координира гаснењето на пожарот – изложен на најштетни отрови во Трубарево. Отрови против кои не ви помага никаква маска, гасмаска, кислород. Во светот вакви пожари се гасат во скафандери, кои за жал Македонија ги нема.

– Дома го чека семејство, во кое има и малолетни деца кои зависат од него.

– Доколку утре се повлече од директорската позиција во ДЗС, Стојанче Ангелов веројатно ќе зема поголема плата од сегашната, затоа што ќе се врати на претходното работно место во М-нав.

– Претпладнево го побарав Стојанче, не за изјава или работа, туку само да му кажам дека без едно белодробно крило не би требало да биде изложен на овие смртоносни отрови. Му реков да си оди од таму, затоа што ако му се случи нешто, никој освен неговите најблиски нема да го жали.

– Ми одговори дека не му доаѓа на памет да се повлече од редовните активности таму, се додека не биде целосно стопирано чурењето од земјата. А за загрозувањето на неговиот живот, почна да се смее и ми прати едно хумористично видео.

– Државата постои поради ваквите како Стојанче и сите кои во изминатите часови го гасат тој токсичен пожар, ризикувајќи ги двоите животи. Ние останатите можеме само да мудруваме на фејсбук и да ги евакуираме нашите семејства од Скопје.

Среќно генерале!