-Одлучивме дека од 2 ноември двајца наши невакцинирани играчи нема да земаат плата додека беа во карантин, изјави спортскиот директор на Херта, Фреди Бобиќ.

Уште на почетокот на октомври, Херта објави дека секој што не бил вакциниран ќе мора сам да си ги плати трошоците за PCR тестирање. Херта оваа сезона неколку пати беше погодена од коронавирусот, но сега германската новинска агенција ДПА наведува дека речиси сите фудбалери се вакцинирани.

Исто така, медиумите наведуваат дека Баерн одлучил оние кои не се вакцинирани и ќе се заразат дека ќе останат без плата за време на карантинот.