-Најпрво би сакал да изразам сочувство за сите погодени од несреќата која и се случи на Македонија. Што се однесува на натпреварот, ние добро ги искористивме сите нивни проблеми. Тие беа уморни и се покажа дека тоа влијаеше на нивниот настап. Воедно сакам да им се заблагодарам на моите играчи на одличниот ангажман и желба. Навистина одиграа на неверојатно ниво и на крај мислам дека победивме повеќе од тоа што очекувавме, рече хрватскиот стратег.