Поранешната прва дама на Америка и претседателски кандидат на избори, Хилари Клинтон објави дека е позитивна на коронавирусот.

„Се тестирав и сум позитивна на Ковид. Имам благи симптоми на настинка и се чувствувам добро. Поблагодарна сум од кога било за вакцините што штитат од сериозниот тек на болеста“, напиша таа на Твитер.

Клинтон (74) апелираше до граѓаните на САД да земат засилена доза, доколку тоа се уште не го направиле.