Холандија има намера да ја испрати првата серија борбени авиони Ф-16 во Украина во 2024 година, изјави министерката за одбрана Кајса Олонгрен.

Временската рамка за испорака зависи од обуката на украинските пилоти, која се очекува да трае шест до осум месеци.

Таа додаде дека во тек е формирање на тренинг центар во Романија, кој се трудат што поскоро да го започнат. Таа додаде дека оваа испорака испраќа значаен сигнал не само до Киев, туку и до Москва и Кремљ.