Премиерот Марк Руте во понеделникот рече дека, и покрај тоа што бројот на потврдени случаи на инфекција се намалува откако скокна на над 10.000 на ден овој месец, „ситуацијата останува напната, бидејќи продолжуваме да гледаме како расте бројот на пациенти во болниците“.

Руте рече дека забраната за повеќедневни фестивали, барем до 1 септември, веќе е делумно спроведена поради логистички тешкотии при тестирање на сите учесници на секои 25 часа. Тој, сепак, рече дека забраната јасно им покажува на организаторите на фестивалот што да прават.

Владата исто така ги заострува правилата за враќање на туристите: сите над 12-годишна возраст ќе треба да обезбедат доказ за негативен тест за вирусот или дека биле целосно вакцинирани или дека прележале „ковид-19“.

Министерот за здравство Уго де Јонг изјави дека мобилните тимови на границите ќе ги контролираат патниците кои ќе бидат казнети доколку се вратат без негативен тест или доказ за целосна вакцинација или закрепнување од болеста.

Нешто помалку од 60 проценти од холандските возрасни лица биле целосно вакцинирани, а 83,5 проценти примиле само почетна доза на вакцина.