Сигрид Кааг поднесе оставка на позицијата министер за надворешни работи на Холандија, и тоа откако беше критикувана дека не реагирала добро во текот на евакуацијата од Авганистан.

Ова е прва високопозиционирана личност од една западна земја која тоа го направи заради она што се случува во Авганистан откако талибанците повторно воспоставија власт.

Парламентарците сметаат дека извршната власт реагирала преспоро и дека во Авганистан оставила голем број луѓе кои сакале да бидат евакуирани. Кааг призна дека реакцијата била преспора и дека владата не знаела јасно што да направи, по сознанието дека талибанците ќе завладеат со Авганистан.

Холандија во последните две недели од август евакуира 2.000 луѓе. Но, останаа голем број од оние кои работеле за холандската војска. Кааг изјави дека се делувало врз основа на „погрешни претпоставки“ и дека сите биле затекнати од фактот што талибанците брзо воспоставија власт. Смета дека и самите талибанци биле изненадени од тоа.

Порача дека одлучила да даде оставка поради оценката на па парламентарците по ова прашање, пренесе Би-би-си.