Пациент двапати се обидел со автомобил да прегази вработена на Трансфузиологија

Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, Ф.Р.(45) од Скопје пријави дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, кај Институтот за трансфузиона медицина, каде е вработена, А.И., кој се лекувал во установата, во два наврати се обидел да ја прегази со неговото возило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.