Во СВР Скопје вчера во 12.55 часот било пријавено дека настанал пожар во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, на Клиника за трансфузиологија, при што се запалила собата во која е сместен компјутерскиот систем на клиниката.

Пожарот бил изгаснат од вработените и екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Притоа, на вработената Ј.М.(40) од Скопје ѝ била укажана лекарска помош поради вдишување на чад.

Извршен бил увид на местото на настанот.