Министерот оцени дека Хрватска е на врвот на четвртиот бран, пренесе Хина.
„Денес, за жал, има над 7.000 новозаразени“, изјави министерот Берош за Хрватското радио, додавајќи дека владата знае какви мерки може да се преземат за да се намали овој пораст на дневните нови инфекции. Време е сите малку да се концентрираме, да размислиме за нашата улога во оваа епидемија и да го направиме најдоброто, а најдобро е да се вакцинираме и да ги почитуваме основните антиепидемиски мерки, рече Берош.
Напомена дека е застапник на личните слободи, но дека тие престануваат кога го загрозуваме туѓото здравје и живот.