Хрватската влада донесе ваква одлука поради актуелната епидемиолошка ситуација во земјата, па пописот ќе се спроведе во две фази наесен, од 13 септември до 17 октомври. Во првата фаза граѓаните на Хрватска ќе се попишуваат самостојно, преку интернет.
Владата го задржува правото да утврди нови термини на пописот, доколку нема услови и за негово спроведување наесен.
Во Македонија пак, власта не отстапува на ставот дека пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април, за што премиерот Заев денеска најави и имунизација на попишувачите.
Во меѓувреме, најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата „За обнова на Македонија“, побараат пописот да се одложи за во септември, а Собранието да закаже итна седница за да може да се интервенира во законот за самото одлагање.
Претседателите на двете најголеми политички партии во Македонија, Заев и Мицкоски во понеделник во 13 часот ќе одржат средба на којашто ќе разговаат за клучните прашања и најголемите проблеми со коишто се соочуваат граѓаните.