Директорот на Институтот за јавно здравје на Хрватска, Крунослав Чапак, денеска изјави дека Европската комисија наскоро ќе ги признае брзите антигенски тестови и дека за тоа се залагаат 18 земји членки и најави делумно укинување на ковид сертификатите.
Тој додаде дека ковид сертификатите ја губат својата важност откако се појави омикрон варијантата.
Тој рече дека Хрватска размислува делумно да се откаже од сертификатите за ковид, како и некои европски земји.
– Ковид сертификатите ја губат својата важност откако пристигна омикрон варијанта на вирусот. Омикрон варијанта го заобиколува имунолошкиот систем. Имаме околу 40.000 реинфекции од почетокот на годинава, а до нова година имало околу 10.000 вкупно – рече Чапак и додаде дека јавноста за се ќе биде навремено информирана.
Чапак објасни дека Хрватска неколку пати кажала дека е неправедно да не се препознае надминувањето на болеста со брзи антигенски тестови.
– Минатата недела добивме информација дека се подготвува акт на Европската комисија со кој ќе се препознае брз антиген тест. Се надеваме дека тоа ќе се случи што е можно поскоро – вели Чапак во изјава за Хрватската радио телевизија.