Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,3 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 26 отсто, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 3,6 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 отсто.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи намалување од 5,4 отсто. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи пораст кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 48 отссто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,1 отсто, Капитални производи за 20,6 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 отсто.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во февруари 2021 година, во однос на јануари 2021 година, има раст од 14,4 отсто, додека во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на периодот јануари – февруари 2020 година, пад од 5,4 отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, има намалување од 0,7 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,2 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 15,9 отсто, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 3,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,1 отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари, во февруари 2021 година, во однос на јануари 2021 година, има раст од 1,6 отсто, додека во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на периодот јануари – февруари 2020 година, намалување од 2,7 отсто.