Се работи за сума од 455 милиони евра која треба да се врати за 10 години со просечна каматна стапка од 1,98 %.

Каталонците како гаранција за враќање на кредитот ги приложија телевизиски права што ги поседуваат.

Барселона исто така успеа да постигне ревидирање на дел од должничките обврски во висина од 140 милиони евра. Дополнително, постигнатиот договор овозможува издавање на нови должнички обврски до 70 милиони евра, доколку е потребно.

Инвестициската банка „Голдман Сакс“ дејствуваше како финансиски советник за трансакцијата.