Синоптичарите и за денеска најавуваат сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 10.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 38 степени.