Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.
Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно, а од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.