Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, особено во западните делови. Попладне во североисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 41 степен. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Земјава и денеска ќе биде под влијание на топол бран со високи температури од портокалова фаза, поради што надлежните апелираат да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, да се ослободат од работните обврски најранливите групи, вклучувајќи ги бремените жени, како и лицата на возраст над 60 години, а децата од градинките да не се изнесуваат на отворено од 11 до 17 часот.