Според него Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ во ваква форма нема правна основа. Неговиот став како министер е да за Резолуција за државни позиции, но со конзензус на сите чинители во Собранието и внимателност, како што вели, државната политика да не се дерогира во етничка или партиска.

– Прашањето за уставното име коешто стана дел од оваа Резолуција отворање на нови проблеми, а не помош во затворање на овие проблеми. Ќе го заокружам мојот став – Да за Резолуција во којашто ќе се одразат позициите коишто ги има државата, но на основа на конзензус и на основа на помагање на овој процес, а не отворање на нови проблеми и одмагање на процесот. Доколку се користи уставното име, ДУИ ќе ја поддржи Резолуцијата изјави Османи.

Ооколу неизвесноста во Бугарија за нова Влада и покрај конституирањето на Парламентот, за Османи многу е важно што поскоро да се формираат инситуциите во Софија за да има со кого да се разговара од другата страна. Сепак тој е оптимист дека има сериозни прозорци на можности, како што рече, за преговорите до крајот на годинава.

Министерот Османи информираше дека словенечкото претседателство продолжува со својот засилен ангажман во рамки на португалскиот предлог кој го наследи како добра основа за решавање на спорот со Бугарија.