Социјалната мрежа Инстаграм престана да работи откако корисници претходно пријавија проблеми со Фејсбук.
На почетната страница на апликацијата Инстаграм, кај дел од корисниците се појавува порака „Welcome to Instagram“, додека остатокот од содржината на профилите и почетната страница не се прикажува.
Проблемите следуваат откако од утрово не функционира ниту Фејсбук. Пријавите за прекин на работата на платформата започнале нешто по 9 часот.
Корисниците на Фејсбук добиваат известување дека нивниот профил моментално е недостапен поради проблем со страницата и дека се очекува тој наскоро да биде решен.
