Претходно лидерите на Нова демократија и Сириза, Киријакос Мицотакис и Алкесис Ципрас го вратија мандатот. Мицотакис, иако победи на изборите со водство од 20 отсто пред Ципрас, не сакаше да формира влада бидејќи сака таа да биде еднопартиска, односно да не бара коалициски партнер
Лидерот на грчката опозициска партија ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис воопшто не го искористи мандатот за формирање Влада и на средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу истакна дека ѝ го враќа, бидејќи нема простор за формирање Влада, јавува МИА.
ПАСОК- Движење на промена ја освои третата позиција на изборите во неделата.
Претходно лидерите на Нова демократија и Сириза, Киријакос Мицотакис и Алкесис Ципрас го вратија мандатот. Мицотакис, иако победи на изборите со водство од 20 отсто пред Ципрас, не сакаше да формира влада бидејќи сака таа да биде еднопартиска, односно да не бара коалициски партнер.
Со доделувањето и на третиот мандат се затвори циклусот на мандати за првите три партии и заврши првиот дел од одредбите предвидени со Уставот.
Претседателката на Грција или ќе свика лидерска средба или телефонски ќе разговара со претседателите на партиите во последен обид да се формира Влада со широко мнозинство, што во конкретниот случај ќе биде само формално, за да се запазат процедурите.
Понатаму следи и формирање службена Влада која ќе има една и единствена обврска, да ја одведе земјата на изборите што ќе се одржат на 25 јуни.