ЕУРО 2020 ќе се одржи во 12 градови, а осум од нив веќе ја доставија целата потребна документација до седиштето на УЕФА, со што беше потврдено влегувањето на навивачите на трибините во ограничен број.

Тоа се Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Лондон и Санкт Петербург.

УЕФА им даде рок на Билбао, Даблин, Минхен и Рим да ја достават својата писмена одлука со согласност или одбивање да ги вратат навивачите до 19 април. Италијанските и шпанските власти веќе го одобрија враќањето на навивачите за ЕУРО, а под знак прашалник се само Даблин и Минхен.

Најмалку 25 проценти од капацитетот ќе бидат исполнети во Лондон, а стадионот полн во Будимпешта.

ЕУРО 2020 ќе се игра од 11 јуни до 11 јули 2021 година, а Македонија своите натпревари ги има на 6 јуни против Австрија во Букурешт, четири дена подоцна во истиот град против Романија, а потоа на 21 јуни против Холандија во Амстердам.