– Пресот во среда пред МОН ќе ги каже сите наши идни дејствување. Таму ќе ги доставиме сите наши барања – вели Драгана Спасевска за „Слободен печат“, дипломиран воспитувач, која стои зад оваа група.

Родителите денеска треба да одржат онлајн состанок на кој ќе присуствуаат и наставници, педагози, психолози, а на кој ќе се одлучува за следните чекори на родителите.

Досега во групата се разгледуваа повеќе опции, како бојкот или протест, меѓутоа пред состанокот нема да бидат преземени никакви порадикални чекори

На  денешна прес конференција и лидерот на унијата на средношколци, Бленди Ходаи, во врска со најавите за потполно дигитализирано образование рече дека таквиот начин е чекор во добар правец, но не смее да биде единственото решение.

-Сметаме дека печатените учебници треба да бидат вистински книги, со корици, а не скрипти. Прикачувањето на учебниците во ПДФ форма е добра алтернатива за учениците. Сепак, треба да биде алтернатива, а не постулат, рече Ходаи.