Добро утро политички инструирани синдикати. Добро утро разбојничко раководство на градот Скопје и ЈСП, владејачка градска коалицијо СДС, ДУИ и Левица. Три месеци по изгласаните 120 милиони денари субвенции за исплата на декемвриската плата, и два дена по изгласувањето на 700 милиони денари за исплата на плати за цела година, и денес вработените во ЈСП немаат плата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прашање до разбојничкото раководство на градот и ЈСП, Арсовска и директорот Крсте Петревски, и коалиција СДС, ДУИ и Левица, зошто не ги барате парите кои владата ги должи на ЈСП, и зошто ЈСП нема за плати? Каде се парите за плати? Прашање до инструираните синдикати на ЈСП, ќе побарате ли одговори и одговорност од раководството на ЈСП и градот Скопје – тврдат од партијата.