Јавното сообраќајно претпријатие ги крена на нозе скопјани. По вчерашните турбуленции од денеска автобускиот превоз повторно се нормализираше. ЈСП три години чека исплата од Владата за субвенции или годишно по 120 милиони денари, а од менаџментот соопштуваат дека само за нафта ЈСП троши месечно помеѓу 45 и 50 милиони денари.

Вработените во ЈСП ја добија декемвриската плата. Неизвесно е каде се двата милиони денари поради што советниците во Град Скопје од опозицијата не гласаа за одлуката за субвенции, со став дека распределбата на парите веќе се изјасниле во октомври.

Автобусите се вратија на сообраќајниците. Граѓаните велат дека редовно и навреме стигаат на постројките.

Скопјани од „бесплатен превоз“ на крајот до „без превоз“

Скопјани ќе имаат бесплатен јавен превоз во втората половина на 2023 година. Тоа го изјави Данела Арсовска, првиот човек на Скопје пред точно една и пол година. Но, оттогаш молк на оваа тема. Таа во својата програма наречена „За модерно Скопје“ вети целосно бесплатен превоз за сите граѓани, но и набавка на 250 нови еколошки автобуси. Но, каде останува ова ветување на Арсовска? Ова ветување остана само на зборови, а засега ништо, ниту од автобусите, уште помалку од „бесплатниот превоз“

Зошто вработните излегоа на протест?

Претходно, им „пукна филмот“ на возачите од ЈСП Скопје кои останаа без декемвриската плата. Тие денеска возеа од 4.30 до 9 часот, а токму во 9 ги паркираа автобусите во своите бази и се упатија пред просториите на Град Скопје.

400 вработени од ЈСП Скопје излегоа на протест пред просториите на Град Скопје. По бурни турбуленции меѓу советниците од партиите на крајот субвенциите одново се изгласаа.

Преписки меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица

ВМРО-ДПМНЕ децидно застана во одбрана на работниците, но поентираше дека одново се гласа нешто што веќе е одобрено во ноември. За разлика од нив, опозициската Левица беше опозиција на опозицијата, па неколку

Од ВМРО-ДПМНЕ се јавија со реакција дека Апасиев и Левица менуваат ставови во 24 часа во однос на ЈСП. Од партијата бараат одговори зошто советниците одново гласаат за нешто што е одобрено во ноември, но исто така велат дека Апасиев требало да одлучи за што се залага, бидејќи како што велат, за 24 часа го прекршил својот став.

(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев да одлучи кој став го има за ЈСП Скопје, два пати го промени за 24 часа

Трошоци на менаџментот

Според менаџментот, само за нафта ЈСП троши месечно помеѓу 45 и 50 милиони денари. Кога ќе се соберат сите трошоци што компанијата ги има, сумата е околу 100 милиони, а претпријатието, вели директорот, располага со 75.000 милиони и не може да ги покрие основните трошоци.

Просечната плата во ЈСП е 33.000 денари, а со додатоците достигнува и до 50.000 денари. 70 отсто од патниците се возат бесплатно.