Додека се подготвувате за новогодишните празници, секако веќе планирате со што ќе ги израдувате и најмалите.
Покрај задолжителните пакетчиња со слатки и чоколади, голем дел од вас размислуваат и за други подароци што треба да им ги донесе Дедо Мраз.
За магијата да биде целосна подарокот треба да биде убаво спакуван.
Во видеото погледнете како да направите кула во форма на Снешко:
Освен како кули, со сечење и лепење и цртање, можете да креирате најразлични облици како Дедо Мраз, ирваси и слично, а секако и шарените бастунчиња може да бидат идеални за декорација.
Исто така, обичните кутии можете да ги декорирате и со шарени пом-пом топчиња.
Доколку не знаете како да ги направите, погледнете во приложеното фото-упатство. Ќе ви бидат потребни конец, ножички и виљушка.