Вкупно 1.814.317 гласачи се во избирачкиот список за денешните претседателски избори на 3.480 избирачки места.
Граѓаните кои сакаат да гласаат мора да се појават на гласачкото место со важечки документ за идентификација или документ за идентификација кој е истечен од 24 јули 2023 година и подоцна.
Покрај легитимацијата со личен документ, граѓаните мора да го поминат и двојниот филтер за идентификација, со биометриски уреди за отпечатоци.
Државната изборна комисија пред еден ден потсети дека важечко ливче ќе биде само она во кое се заокружува редниот број на кандидатот за кој е определен избирачот и ливчето се преклопува пред да се фрли во кутијата. Гласањето мора да биде тајно.
Во трката има седум кандидати. Двајцата кандидати со најмногу гласови во првиот круг ќе поминат во вториот круг на гласање. Вториот круг од претседателските и парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај.
АНАЛИЗА: Седум претседателски кандидати, но еден заеднички проблем – цензус од 40 отсто
За да биде избран претседател треба да гласаат најмалку 40 отсто од запишаните во избирачкиот список.
Вчера гласаше дијаспората, болните, немоќните и затворениците. Нивните гласови ќе се комбинираат со другите гласови во зависност од избирачкото место и ќе се бројат по затворањето на гласачките места денеска.
Двојните избори ја чинат државата 17 милиони евра.