Полицијата го лоцираше сторителот – кривична пријава за мачење животни

Министерството за внатрешни работи информира дека е идентификуван лицето што со автомобил влечеше коњ низ улиците на Скопје. Против него ќе биде покрената постапка за кривично дело „мачење на животни“, согласно член 233 од Кривичниот законик.

Инцидентот доби јавна реакција откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како возач управува со патничко возило марка „Голф“ со скопски таблички, а зад него е врзан коњ што се влече низ градското подрачје.

Случајот го презеде СВР Скопје – известен јавен обвинител

МВР соопшти дека веднаш по објавата на снимката, СВР Скопје презел мерки за идентификација и документирање на делото, по што лицето било лоцирано и повикано на службен разговор.

„По преземените мерки, лицето што управувало со возилото е идентификувано. Со него е извршен службен разговор, а за случајот е известен и јавен обвинител“, наведуваат од МВР.

Согласно упатствата од обвинителството, ќе биде доставено известување до Основното јавно обвинителство – Скопје, врз основа на собраниот и документиран материјал.

Извор: Alfa