СДСМ со Филипче во идеолошка амбивалентност меѓу Ордановски, Левица и трансатлантските фундаменти
СДСМ со Филипче не знае каде тера. На прес-конференција во Скопје, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, го обвини лидерот на социјал-демократите за молк за скандалозните изјави на Ордановски. Тој рече:
„Венко Филипче и партијата упорно остануваат тивки со денови и не се дистанцираат од Сашо Ордановски, гледан како невидлив столб во нивните редови, поради нападите врз претседателот Трамп и САД. Во својата безизлезност, Филипче и социјалдемократите се спремни да ја пренасочат траекторијата на државата, оддалечувајќи ја од клучниот сојузник САД. Партијата е толку дезориентирана и лишена од визија, што почна да усвојува однесувања од Левица.“
Ордановски неодамна го критикуваше Трамп. Тој изјави:
„Трамп е идеолошки вљубен во претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. Неговиот начин на владеење е модел на партизирање на институции и притисоци врз медиумите. Тој има неонацистичка реторика и е релативно лошо образуван човек. Ттрамп е лажго, рекетар и исклучително нарцисоидна личност со мали културолошки познавања. Трамп е на страната на злото и го споредувам со моделот на владеење каде што претседателот добива кралски овластувања.“
Филипче со денови не коментира за зборовите на Ордановски. Лефков тврди дека ова покажува неподготвеност да се отфрли влијанието на новинарот. Според Лефков, Ордановски важи за сива еминенција во СДС. Сепак, тој нема формална улога.
Конвергенцијата на Филипче и СДСМ со Левица ја засилува контроверзијата
Понатаму, Лефков рече дека Филипче се приближува до Левица, која важи за радикално левичарска партија кој гледа накај Русија и Кина. Левица се противи на НАТО и фаворизира антизападни ставови. Нејзиниот лидер, Димитар Апасиев, го пофали моделот на Енвер Хоџа. Затоа, Лефков праша:
„Дали Филипче следно ќе бара од Апасиев да го однесе на гробот на Хоџа?“
Во ноември, Филипче му честиташе на Трамп за победата. Тој изрази надеж за посилни врски со САД. Но, неговиот молк за изјавите на Ордановски создава конфузија.
Со оглед на тоа како се движат работите, не би било изненадување ако некој прес на СДСМ наскоро започне со „Другари и другарки“
А што се однесува до жолтата ѕвезда, можеби ќе се зацрвени – но од срам, а не од идеологија.
ВМРО-ДПМНЕ со јасна геополитичка визија
За разлика од тоа, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се водат според прагматичност и корист за држават. Лефков нагласи:
„За среќа на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја насочуваат државата кон САД и економски напредок.“ Неодамна, Мицкоски се сретна со американски дипломати во Скопје. Така, тие целат на економска соработка, особено во енергетиката.
На крајот, Левица си ја турка својата анти-НАТО агенда со ретро шарм на заборавени идеологии, додека Филипче и неговите социјалдемократи не можат да се одлучат дали да фатат јаже за баланс или да паднат во прегратките на Апасиев.
Филипче и СДСМ се вртат против најголемата светска сила и традиционалниот сојузник на Македонија. Но што да се очекува од нив? Тие знаат само како да работат против интересите на државата. За среќа, ВМРО-ДПМНЕ стои стабилно, посветено зајакнувајќи го сојузништвото со САД и носејќи вистински напредок за Македонија.
Користен извор: Kurir
🎥 ЗА САШО ОРДАНОВСКИ ТРАМП Е РЕКЕТАР И НЕОНАЦИСТ, КОЈ ТРЕСЕ ГЛУПОСТИ И ЛАЖЕ Ниеден американски претседател не бил вака навредуван на македонска телевизија @PlusInfomk https://t.co/iQLFOX4Krq
— Plus Info (@PlusInfomk) February 21, 2025