Израелските одбранбени сили (ИДФ) на X објавија дека веруваат оти нападот врз болницата Ал Ахли бил од ракетен бараж истрелан од палестински милитанти.
-Анализата на оперативните системи на ИДФ покажува дека канонада ракети биле истрелани од терористите во Газа, кои минувале во непосредна близина на болницата Ал Ахли во Газа во моментот кога била погодена. Разузнавачките податоци од повеќе извори што ги имаме во наши раце покажуваат дека Исламски џихад е одговорен за неуспешното лансирање ракета што ја погоди болницата во Газа, се вели во соопштението на ИДФ.