Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации денеска соопшти дека израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство за присилно раселување на цивили.

– Загрижени сме дека оваа наредба, во комбинација со наметнување целосна опсада на Газа, не може да се смета за легална привремена евакуација и затоа би претставувала принуден трансфер на цивили во спротивност со меѓународното право – рече Равина Шамдасани, претставник на Канцеларијата на ОН за човекови права, пренесува Ројтерс.

Терминот „присилно преместување“ го опишува присилното преместување на цивилното население и е кривично дело против човештвото казниво од Меѓународниот кривичен суд.