Унгарија очекува да ги добие потребните технологии до крајот на оваа година и да започне со производство на руската вакцина „Спутник В“ до крајот на 2022 година, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто на заедничка прес-конференција по разговорите со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
– До крајот на оваа година ќе можеме да го завршиме процесот на трансфер на технологија, а до крајот на 2022 година ќе биде можно да се произведе вакцината „Спутник В“ под руска лиценца, рече Сијарто.
Според него, на овој начин може да се намали ранливоста на земјата, како и да се искористат придобивките од надворешната политика преку испорака на вакцини на странски пазари.
Производствениот погон на „Спутник В“ ќе се гради во градот Дебрецен.