Најмногу е погодена областа Авила, каде што изгореа 22.000 хектари шума.

Министерката за територијална политика Изабел Родригез по состанокот на Владата најави дека сите 13 автономни региони ќе добијат помош.

– Помошта ќе биде обезбедена како компензација за штетите врз инфраструктурата, домовите, имотот, индустријата и фармите и на физички и на правни лица, рече таа.

Прогласувањето зона на катастрофа, исто така, предвидува можност за обезбедување заеми со гаранција од државата, даночни олеснувања и надомест.

Иако секое лето има пожари во Шпанија, нивниот број е значително поголем оваа година. Вкупно 15 големи пожари со површина од над 500 хектари се регистрирани од почетокот на годината до 15 август, а според Министерството за еколошка транзиција изгорени се над 46.000 хектари.