Оставката на писмено е доставена до Собранието и до републичкиот Совет на јавни обвинители. Мемети за Фактор ја потврди оваа информација.
„Да, точно е дека поднесов оставка до Собранието“, ни рече Мемети.
На нашето прашање кои се причините за тоа, Мемети вели дека станува збор за лични причини.
„Станува збор за лични причини. Мое лично убедување е дека требаше да поднесам оставка“, ни рече Мемети.
Според информациите на Телма, пак, Иџет Мемети признал вина и се спогодил со обвинителството за условна осуда. Тој беше осомничен за примање награда за против законито влијание, за што Кривчниот законик предвидува од 1 до 5 години затвор.
Заедно со провосомничениот, врховниот судија Наке Георгиев беа осомничени дека лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во предметот за шверц со марихуана.
Како што пишуваше Фактор во 2020 година, Иџет Мемети претходно 16 години раководеше со престижна државна институција Народен правобранител, а по двата мандати од по осум гоидини, не чекаше воопшто за да си најде нова и добро платена работа. Тој стана еден од членовите на Советот за јавни обвинители, тело што го следи работењето на сите обвинители во државата.