Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираат дека во текот на денешниот ден одржале прес конференција каде информирале за сите досега превземени активности од надлежните институции ( АХВ, ДСЗИ, ЦЈЗ Скопје, Детска Клиника) кои се во постојана комуникација и координација како и за сите резултати од узорцираните примероци и од доставените материјали за анализа.
Од таму посочуваат дека бројот на земени примероци и пристигнати материјали е екстензивен, и материјали за анализа се уште пристигнуваат.
„После одржаната прес конференција, добивме нов резултат од узорцираниот примерок од мусака која се служела во прва смена во училиштето и во неа се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на 3 чешми во училиштето“, соопштуваат од ИЈЗ.
Од Институтот порачаа дека и понатаму ќе бидат во координација и комуникација со споменатите надлежни институции и јавноста ќе биде известена за понатамошниот тек на настаните.
