ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница на Извршниот Комитет ќе расправа за ставот на Зоран Заев кој првично ја прифати резолуцијата таква каква што е, а сега ја одбива, велат од партијата.

Додаваат дека променетиот став на премиерот, воедно покажува дека Зоран Заев бара формална пречка за нејзино неносење, за да има простор да се пазари со идентитетските прашања и точките од најголемо од национално и државно значење.

Отворањето на теми што не делат во однос на Резолуцијата, ја ослабнува македонската позиција во однос на позицијата кон Бугарија. Задача на владата во однос на ова прашање е да не обединува, а не да не разединува.

Текстот на резолуцијата е напишан од врвните научни и образовни институции, УКИМ и МАНУ, велат од партијата.