Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анастасија Илиеска во „Топ тема“ на Телма истакна дека граѓаните со просечна плата сега можат да купат многу помалку и колку и власта да се фали дека ја покачила, граѓаните секојдневно се изложени на поголеми трошоци и просечната плата помалку им вреди.

– Без разлика што просечната плата се покачила вие за просечна плата сега може да купите помалку стоки Сите оние кои во 2020 и 2021 добивале просечна нето плата тоа би изгледало дека со просечна исплатена плата во 2020 сте можеле да купат 528 литри бензин, а во 2021 година 383 литри бензин што е 144 литри помалку. Ако земеме масло за готвење од 70 денари во 2020 ја достигна цената во 2021 година 100 денари и со просечна минимална плата во 2020 година сте можеле да купите 788 литри, а во 2021 година 447 литри, рече Илиеска.

Таа посочи дека граѓаните се изложени на дополнителни давачки, даноци, покачена електрична енергија и затоа владата треба да понуди мерки кои реално ќе помогнат, а не популистички, мерки, додавајќи дека минималната плата е социјална , а не економска мерка и има многу граѓани кои се исклучени од неа.

– Минималната плата е социјална мерка, а не економска мерка. Од овој систем се исклучени се сите компании кои се во стечајна постапка, немаат исплатено даноци придонеси плати, и сите работници кои биле субвенционирани за персонален данок со претходни мерки се исклучени од зголемување на минимална плата, рече Илиеска.

Таа нагласи дека за разлика од СДСМ, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ многу подобро се справи со економската криза и стандардот на граѓаните кога ВМРО-ДПМНЕ било на власт бил повисок и растел, но со СДСМ стагнира.