Кога ја зголемуваме минималната плата тоа е една скала која треба понатаму да се придвижи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да има рамноправност во зголемувањето на минималната плата и другите плати кои треба скалесто да се покачуваат, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Анастасија Илиеска за „Топ Тема“ на Телма телевизија.

Илиеска истакна дека покрај тоа и пензионерите се оние кои што реално треба да имаат повисоки пензии со цел да ги сервисираат своите трошоци и не треба да бидат исклучени, бидејќи кризата е за сите тешка и сите живеат тешко.

– Реалноста е дека во Македонија граѓаните живеат тежок живот и колку побрзо тоа се признае толку побрзо треба да се најдат мерки кои на секој граѓанин ќе му бидат од помош и ќе му го помогнат животниот стандард, рече Илиеска.

Таа додаде дека треба суштински да се влијае кога се помага на граѓаните и компаниите, а не да се носат решенија од ден за ден, ниту само за мала група на граѓани, туку за сите.

– СДСМ кога носи решенија ги носи од денес за утре, тоа го гледаме сега го видовме кога го носеа и прогресивниот данок кој го гласаа во октомври и да почне од јануари, иако компаниите 6 месеци до година правата пресметки и со тоа беа обременети на дополнителни трошоци од страна на власта, истакна Илиеска.