Говорејќи за трагедијата во Тетово каде изгоре модуларната болница и има 14 жртви, Илиески вели дека не е нормално да нема информации од истрагата.

– Ова се случи на 8 септември утре е 1 октомври и нема уште ништо, а тие си тераат кампања, се шетаат наоколу. Не може да нема ништо од истрагата, рече Илиевски.

Тој укажа дека власта знае само да обландира и да лаже. Според него власта функционираа по онаа купи ден помини.

– Само да ги наредиш сите афери, негативни појави ти требаат три емисии, само да се набројат. Власта само продуцира скандали, афери, рече Илиевски.

Оттука кажа тој дека ние сме на една брза лента и зборуваме само за ужасни ситуации, криминал, да не можеш да се сетиш што се било на лостата на црна хроника.

– Само тоа го прават нив не им бил императив транспарентност, одговорност, туку само да седнат на столче за да си ги користат сите бенефити, рече Илиевски.