Не стивнуваат реакциите на граѓаните поради објавената фотографија на Али Ахмети од поставената мермерна плоча на која е исцртана карта на Голема Албанија, која вклучува и дел од Македонија.

Имено, лидерот на ДУИ Али Ахмети викендов во Сопот отворил музеј во кој главен експонат е токму ова знаме со карта на Голема Албанија со делови на Македонија, Србија и Грција. Истата картата е изгравирана и на мермерната плоча пред влезот на објектот.

На темава се огласи и Богдан Илиевски кој потенцираше дека за казнување во државава има двојни аршини кога се во прашање ДУИ и Македонците.

Кога Аљи ти вади голема Албанија во мермер одговорот е „абе види секоја земја има такви мапи, стара е мапата“, а ќе гоните по судови Македонци за знамето од Кутлеш, па пиздави матер ненормална.

Реакцијата следи по изјавата на премиерот Ковачевски во која тој потенцираше дека не е загрижен за настанатата состојба затоа што мапата доцнела 145 години.

„Ако добро пресметав утрово, ставање таква карта е задоцнето најмалку 145 години, односно точно 145 години. Ако по нешто може да се отслика какви биле односите на Балканот пред 145 години, пред 200 години и така натаму, тоа се такви слични карти, кои секоја држава на Балканот ги има. Ама буквално секоја. Сметам дека она што ние го имаме денес како општество воопшто не ги прави релевантни таквите мапи. По 2001 година, по влегувањето во НАТО, ние во нашата држава имаме други мапи, кои се релевантни, а тоа е мапата на државите членки на НАТО. Со почнувањето на преговорите за членство во Европската Унија ,мапата што ние ќе ја имаме и се надевам сите други земји од Западен Балкан, е мапата на обединета Европа. Тоа е единственото нешто што треба да го обединува целиот Балкан. Сето друго е 145 години задоцнето“, рече Ковачевски.