Премиерот Димитар Ковачевски без конкретна осуда во музејот за жртвите во селото Сопот. Преку различни изговори како „стара била мапата“, „сите имале такви мапи на Балканот“, „на приватен имот била ставена“, „не била релевнатна мапата“ премиерот без директна осуда за територијалните претензии кон нашата држава.

Тој вели дека не го загрижува ваквата мапа оти за него таа доцни 145 години, а како што вели по влезот во НАТО оваа мапа не е релевантна за нас.

Сепак, информацијата на Ковачевсвки дека мапата била ставена на приватен простор по се‘ се чини дека е погрешна. Предмалку, вонредниот инспекциски надзор на општина Куманово утврдил дека објектот во кој е сместен Меморијалниот комплекс на УЧК во Сопот е дивоградба изградена на државно земјиште.

Дали ваквата мапа е дел од предизборниот национализам на ДУИ е едно од прашањата кои ги поставува македонската јавноста, потсетувајќи се дека пред секој изборен циклус ДУИ одново ги отвора овие теми. Евтин популизам или скриени намери за Македонија да биде албанска?