Со голема радост обзнанувам три големи проекти, реконструкција на улица од 1.223 метри, улица во вредност од 7 милиони денари во село Брвеница, реконструкција на улица од 1.252 метри Поречко мало во село Радионце во вредност од 11 милиони денари и реконструкција на улица 820 метри во село Челопек во вредност од 6 милиони и 200 илјади денари. Дополнително во изминатиот период во цела општона Брвеница имаме реконструирано скоро 10 километри улици со околу 25 милиони денари, вели Јовица Илиевски, градоначалник на општина Брвеница.

-Посветено работиме и во останатите области ќе набројам неколку. Водоводната мрежа ја проширивме за 4 илјади метри, додека канализационата мрежа 3465 метри инвестиравме повеќе од 3 милиони денари. Го уредивме центарот во село Брвеница во вредност од 10 милиони денари, изградивме паркови, игротеки, оплеменивме многу простор за одмор и рекреација, организиравме спортски и културни настани, реновирање на цело основно училиште училници, училишни дворови, спортски терени, помагаме на ранливи категории на граѓани, се грижиме за безбедност во сообраќајот и заштита на животната средина, возниот парк го збогативме со автобус, нов багер, нов камион за отпад и нови камионети. Не прогласија за најтранспарентна општина во Полог. За мене е најважно рамномерен развој на сите населени места и унапредување на квалитетот на животот, а притоа се зачувува позитивниот биланс на општинската сметка и на правните субјекти основани од општината. Вкупно инвестирани средства во општина Брвеница по сите основи се над 100 милиони денари или над милион и 600 илјади евра, истакна тој.

Градоначалникот посочи дека ветеното во програмата го исполни повеќе од 80 проценти, а не е ни на половина од мандатот.

-Довербата од претседателот Мицкоски и моите сограѓани ја оправдувам со дела кои имаат трајна вредност за општината, порача тој.

Извор: Kurir.mk.